Договор за соработка на полето на привлекувањето на странските инвестиции помеѓу Република Македонија и корпорацијата Forbes, потпишан е во понеделникот доцна вечерта во седиштето на американската компанија. Со договорот е предвидено корпорацијата Forbes да учествува во организацијата на бизнис форуми на кои Република Македонија ги презентира поволностите и можностите кои им ги нуди на странските инвеститори, ангажман на корпорацијата Forbes во обезбедување на компании кои присуствуваат на бизнис форумите, а кои се заинтересирани за ширење на своите капацитети и лобирање кон нив, како и маркетинг на корпорацијата Forbes во интерес на нашата земја во насока на промоција на македонските потенцијали за привлекување на странски инвестиции, соопшти во вторникот владината прес служба.
Договор за соработка на полето на привлекувањето на странските инвестиции помеѓу Република Македонија и корпорацијата Forbes, потпишан е во понеделникот доцна вечерта во седиштето на американската компанија.
Со договорот е предвидено корпорацијата Forbes да учествува во организацијата на бизнис форуми на кои Република Македонија ги презентира поволностите и можностите кои им ги нуди на странските инвеститори, ангажман на корпорацијата Forbes во обезбедување на компании кои присуствуваат на бизнис форумите, а кои се заинтересирани за ширење на своите капацитети и лобирање кон нив, како и маркетинг на корпорацијата Forbes во интерес на нашата земја во насока на промоција на македонските потенцијали за привлекување на странски инвестиции, соопшти во вторникот владината прес служба.
Договорот е потпишан при посетата на македонскиот премиер Никола Груевски, кој оствари средба со потпретседателот на корпорацијата Forbes, Кристофер Форбс.
За време на средбата се разговарало за можностите за остварување на соработка на полето на привлекувањето на странски инвестиции во Република Македонија и во областа на советувањето за реализација на економските политики.
Двајцата соговорници разговарале и за конкретни економски политики, мерки и активности, кои водат кон унапредување на бизнис климата, со акцент на даночниот пакет и даночната политика, соопшти во вторникот владината прес служба.
Премиерот Груевски позитивно ја оцени претстојната соработка со влијателниот светски бизнис магазин Forbes.
„Денеска се потпиша договор помеѓу Република Македонија и магазинот Forbes, еден од најреномираните магазини за бизнис во светот, кој печати околу еден милион копии на годишно ниво. Се работи, пред се, за соработка која што ќе биде во правец на организирање на наша презентација пред поголем број на бизнисмени и компании во три града, Њуjoрк, Лондон и Лос Анџелес, презентација пред значајни квалитетни инвеститори од аспект на тоа дека се работи за крупни и богати инвеститори, пред кои што Македонија ќе се претстави, а ќе биде во организација на Форбс бидејќи тие се и нивни клиенти и нивни добри и познати компании со кои тие со години соработуваат. Компаниите ќе бидат поканети од страна на Форбс, а Македонија ќе биде таа што ќе изврши презентација. Покрај ова, ќе имаме соработка и во делот на нивниот основен бизнис, а тоа е магазинот Форбс каде што ќе имаме во различни месеци вкупно осум изданија на цела страница за Македонија и нашите поволности за инвеститорите”, изјави премиерот Груевски по потпишувањето на Договорот.
Потпретседателот Кристијан Форбс даде позитивни оценки за македонските активности за привлекување на странски инвестиции, и изрази позитивни очекувања од претстојната соработка со Република Македонија.
„Forbes има скоро стогодишнo искуство во соработка со бизнис лидери во која меѓу другото советуваме каде да се инвестира. Ние сме среќни што ќе работиме со Македонија и ќе ги промовираме можностите кои ги овозможува Македонија, како што е неверојатно добриот даночен режим, рамниот данок што како стратегии Forbes ги поддржува, како и пријателската бизнис околина која што можеби некои локални светски бизнис лидери не ја познаваат, и ние ќе работиме со македонската Влада за да ја промовираме таа порака”, изјави потпретседателот на Forbes по потпишувањето.
Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, кој од македонска страна стави потпис на Договорот, во него гледа засилување на логистиката на нашите активности за привлекување на странски инвестиции.
„Тоа што Forbes ќе биде наш партнер е многу важно затоа што тогаш компаниите нас не гледаат како земја која го добива оној печат од страна на Forbes бидејќи Forbes верува во она што ние го правиме. Истовремено е многу важно што нивните идеи се многу слични со нашите од гледна точка на ниски даноци, рамен данок, добра бизнис клима, така што мрежата на Forbes и начинот како да тие можат да ги привлечат тие компании за нас ќе значат многу и она што го работиме веќе шест или седум години на овој начин ќе го реализираме многу подобро”, изјави Мизо.
Владината делегација предводена од премиерот Груевски во текот на денешниот ден ќе оствари посета на градот Принстон, каде што ќе одржи и бизнис форум пред компании од Њу Џерси, а ќе биде остварена посета и на медицинскиот центар во Принстон.